Visit Our Global Site

Две ново-изградени паркиралишта на приземјето беа третирани со Xypex Concentrate. Тие се изградени над подземното паркиралиште каде што е забележано одредено протекување. Xypex беше избран пред другите материјали за успешно разрешување на проблемот. Третирани се површини од 1 500 + 800 m2 користејќи 2 000 kg Xypex Concentrate.

ДИСТРИБУТЕР

Прати е-пошта
  • Concentrate

    Xypex Concentrate е хемиски најактивниот производ во рамките на Xypex Crystalline Waterproofing System. При мешање со вода, овој светло-сив прав се нанесува како слој од цементна смеса на бетон од понизок или повисок степен, или како единечен слој или како прв слој при двојното нанесување слој. Исто така, се меша во форма на Dry-Pac за пополнување појаси во градежни споеви, или за поправка на пукнатини, оштетени градежни споеви и разјадување на бетонот.

    » Податоци за производот Concentrate 

    1
    bcbfb16a-58ed-4b31-9558-d6464e49b064
  • Admix C-500 NF & C-1000 NF

    Xypex Admix се додава во бетонската смеса во моментот на мешањето за од самиот старт да го направи бетонот водоотпорен и да го заштити. Неговата изведба ги надминува другите методи поради неговата уникатна способност да станува вистински составен дел од бетонската матрица. Admix C-Series е специјално формулиран за да задоволува разновидни проектни и температурни услови.

    » Податоци за производот Admix C-500 NF
    » Податоци за производот Admix C-1000 NF

    2
    13f0ed89-b364-4977-85ec-8ff08d50323f
  • Modified

    Xypex Modified може да се нанесува како втор слој за засилување на Xypex Concentrate или да се нанесува независно за да ја заштити надворешноста на ѕидовите на темелите од влага. Кога се нанесува како втор слој, Xypex Modified хемиски го засилува Xypex Concentrate се користи кога се неопходни два слоја и создава поцврст завршеток. Каде што е потребно да се изведе заштита од влага, може да се употреби единечен слој на Modified како алтернатива на емулзија со спреј/катран.

    » Податоци за производот Modified

    3
    a95b8729-1ffb-498c-962a-d502d78cb632
  • Patch'n Plug

    Xypex Patch'n Plug претставува специјално дизајнирана, хидраулична цементна смеса со можност за брзо поставување, која не се стеснува, има цвста кохезија и се користи за крпење и поправки на бетон. Patch’n Plug го запира текот на водата за неколку секунди и се користи за пополнување пукнатини, дупки и други неправилности во бетонот.

    » Податоци за производот Patch’n Plug 

    5
    33cc2c65-6911-41b2-8163-2d66f5f0e5cb
  • Concentrate DS-1

    Xypex Concentrate DS-1 (производ за „суво мешање“ на Xypex) се замешува во хоризонталната површина на свежо нанесен бетон. Concentrate DS станува составен дел на бетонската површина, со тоа отстранувајќи ги проблемите кои вообичаено се поврзуваат со премазите (на пример, промени на обемот, запрашување, ронење и деламинација). Активните хемиски супстанции реагираат со влагата во свежиот бетон предизвикувајќи каталитичка реакција која создава нерастворливи кристални структури внатре во порите и капиларните канали на бетонот. Concentrate DS-1 е конкретно наменет за заштита од вода и агресивни хемиски супстанции.

    » Податоци за производот Concentrate DS-1 

    5
    a2b6108a-6ef0-41f0-8578-c91c1352f092
  • FCM 80

    FCM 80 е специјално дизајниран за поправање пукнатини кои се предмет на движење, пополнување градежни споеви, обнова на бетон со опаднат квалитет и заштита на бетонски структури од вода. Има исклучителни карактеристики на адхезивност и елонгација, и често се користи во комбинација со Xypex Crystalline Concrete Waterproofing and Protection System. FCM претставува двокомпонентен производ кој се состои од дисперзија на специјализиран течен полимер и цементнен прав. Овие компоненти се мешаат веднаш пред нивното нанесување.

    » Податоци за производот FCM 80

    7
    53c974cb-6022-4c7b-b164-4df0869f67a5
  • Gamma Cure

    Xypex Gamma Cure е средство за стврднување дизајнирано конкретно за производите Xypex crystalline waterproofing. Може да се користи како алтернатива на стврднување со вода за одредени примени на Xypex и за забрзување на процесот на кристализација на Xypex. Xypex Gamma Cure делува како забавувач на испарувањето преку одржување на максималното количество влага во слојот Xypex. Тој, исто така, делува како катализатор во реакцијата со третман со Xypex crystalline waterproofing. Тој е самопотрошувачки производ (2 - 3 дена) кој не создава наслаги.

    » Податоци за производот Gamma Cure

    8
    ffc138fd-00b3-48a7-836b-40eded5a9181